Холивудскиот актер Хју Грант неодамна бил фотографиран со новата девојка која ја крие од јануари, а станува збор за Тинглан Хонг од Кина, која судејќи по стомачето е бремена. Холивудскиот заводник и мултимилионер, кој претходно бил во врска со Елизабет Харли, од јануари е во врска со Хонг, која ја запознал минатата година.
На фотографиите јасно можело да се забележи дека атрактивната жителка на Кина има стомаче, што предизвикало големи шпекулации дека Хју Грант наскоро ќе стане татко.