Еден од најзгодните актери на денешнината, 47-годишниот Хју Џекмен прослави 20 години од бракот со 13 години постарата сопруга, актерката Дебора-Ли Фурнес. Тоа сигурно е еден од најуспешните бракови во Холивуд, и покрај тешките моменти низ кои мораа да минат. Имено, Фурнес имаше два спонтани абортуси, после што сопружниците посвоија син и ќерка.

 

Џекмен на својот Инстаграм профил подели фотографија од нивната венчавка, а точно 20 години подоцна својата годишнина ја прославија на егзотична локација, уживајќи во песочните плажи и морето. Нивниот брак секако може да послужи како пример на многу млади холивудски парови.