Славниот австралиски актер призна дека неодамна беше на петта операција поради ракот на кожата кој му беше дијагностициран пред две години. „Еве што се случува кога не користите крем за сончање“, порача Хју Џекмен на социјалните мрежи објавувајќи своја фотографија после петтата операција на носот поради ракот на кожата. Откри дека има поблаг облик на рак кој исто така е опасен. Славниот актер заболе пред две години, а своите здравствени проблеми не ги криеше од јавноста.
Во последниве 18 месеци имаше четири операции, а лекарот го предупреди дека сигурно ќе има уште. Болеста ја откри откако шминкерата на филмскиот сет го предупреди на црвените дамки на носот кои после деталните прегледи се покажаа како канцерогени. Вели дека се обидува и во оваа ситуација да биде позитивен и оптимистичен, но некогаш тоа е многу тешко, додавајќи дека без поддршката на сопругата Дебора Фурниш и своите деца сигурно би потонал во депресија.