Актерот Хју Џекмен кој има 46 години се прослави со ликот на Вулверин пред 15 години во првиот филм од популарната франшиза “X-mena”, но се чини дека “Wolverine 3” ќе биде последен негов филм во улогата на познатиот супер херој. Вулверин го глумел во седум филмови и притоа заработил повеќе од 15 милиони долари.
На својот Инстаграм профил напишал дека ќе биде Вулверин за последен пат. Но, од друга страна во неодамна дадено интервју рекол дека се повеќе ужива во улогата. Рекол дека го обожава стариот Логан (Вулверин). Тоа било можеби затоа што и самиот се ближи кон таа возраст повеќе отколку што сака да си признае.