Познатиот австралиски актер Хју Џекмен се претвори во филмски јунак од акционите филмови во вистински спасител, помагајќи му на својот син, но и на останатите капачи да се оттргнат од опасните океански струи и бранови, пренесуваат австралиските медиуми, додавајќи дека Џекмен тој ден уживал со семејството на познатата плажа Бонди во Сиднеј, која сурферите посебно ја сакаат поради големите бранови.
Локалната телевизиска мрежа „Nine“ прикажа снимка на актерот кој држи еден човек за раката и го повлекува од брзата струја, а човекот подоцна раскажа дека заедно со актерот и помогнале на неговата ќерка да се пробие низ големите бранови. Џекмен потоа од големите бранови го извлече и својот 15-годишен син Оскар. Актерот со атлетски изглед е најпознат по улогата на вулверин од серијалот ‘X-Man’, а во Сиднеј пристигна после меѓународната промоција на својот нов филм ‘Eddie the Eagle’. Големите океански бранови не се непознаница за него. Тој и неговата сопруга се сопственици на стан на плажата Бодни вреден 5,9 милиони долари и често може да се види како ужива во сурфањето.