Најслушана изведувачка за изминатата деценија во Велика Британија е Мадона. Таа според податиците за изведување на песните и јавните настапи во изминатава деценија ги симнала на второто место легендарните Битлс, кои на врвот на листата наслушани изведувачи се наоѓале уште од далечната 1960-та година.


На третото место се наоѓа Роби Вилијамс, а веднаш по него се групите Квин и Тејк Дет. МАдона моментално се наоѓа во Малави заедно со своите деца, каде едното од нив го запознава со своите биолошки родители. Исто така ќе присуствува на свеченото отворање на едно училиште чиј инвеститор е токму таа.