Рускиот центар за форензичка медицина објави невообичаен демант во кој се вели дека германскиот нацистички диктатор Адолф Хитлер на крајот на Втората светска војна не побегнал во тајна база на јужниот пол туку умрел во Берлин.


Виктор Загаин, началник на одделението за идентификација, рекол дека за експертите во Русија нема дилема дека Хитлер умрел на 30 април 1945 година.

Некои руски медиуми неодамна изнеле дека Хитлер успеал да побегне од Берлин пред да го освојат руските сили.

Јагленисаните тела на Хитлер и неговата сопруга Ева Браун биле пронајдени во кратер од бомба во Берлин а тоа го потврдиле и форензичките испитувања, истакнал Загаин.