Центар за култура „Григор Прличев“
Од 29.11.2024 - 20:00 до 29.11.2024 - 22:00
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во петок, 29 ноември, со почеток во 20.00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.
Карти ќе бидат пуштени во продажба од утре, 20 ноември, а цената на билетот е 300 денари. Билетарата при Центарот за култура работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
OhridNews