Центар за култура „Григор Прличев“

Од 23.09.2024 - 20:00 до 23.09.2024 - 22:00

Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 23 септември, понеделник, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.

Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.

Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари.

Од Центарот за култура посочуваат дека билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, а резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетарата.

OhridNews