Центар за култура „Григор Прличев“
Од 07.03.2024 - 20:00 до 07.03.2024 - 22:00
На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот во деновите 7-ми (четврток) и 8-ми (петок) март 2024 година, со почеток во 20.00 часот.
Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.
Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Народен Театар Охрид.
Напоменуваат дека билетите се пуштаат на билетара во понеделник 04.03.2024 година, од 09.00 до 19.00 часот, а резервации не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти).
OhridNews