Центар за култура „Григор Прличев“

Од 14.03.2024 - 20:00 до 14.03.2024 - 22:00

Повторно на барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, на репертоарот на 14-ти (четврток) и 15-ти (петок) март, со почеток во 20.00 часот.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Цената на картата е 250 денари, а билетите се во продажба од денес. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип прв дојден, прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти).

Претставата ќе биде изведена на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews