Во петок (15 декември) со почеток во 20.00 часот, на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе биде хит комедијата “АНАЛФАБЕТ”, работена по дело на Бранислав Нушиќ, а во режија: Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат актерите на Народниот театар од Охрид: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при Н.У.Ц.К. Григор Прличев – Охрид

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства, информираат од Народен театар Охрид.

OhridNews