Центар за култура „Григор Прличев“

Од 11.04.2024 - 20:00 до 11.04.2024 - 22:00

На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот на 11-ти април, четврток со почеток во 20.00 часот.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска Јандреовска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Од Центарот за култура напоменуваат дека билетите се во продажба од денес од 9 до 19.00 часот, а резервации за претставата не се примаат. Билетите се продаваат по принцип прв дојден-прв услужен (една личност може да купи најмногу 6 карти). Цена на карта 250 денари.

OhridNews