Германската адвокатка Анет Коринт тврди дека хирурзите заборавиле дури 16 предмети во телото на нејзиниот клиент по операцијата на рак на простата. Таа навела дека после операцијата лекари од телото на банкарот Хелмут Брехт, кому раните никако не можеле да му зараснат, извадиле игла, вата и фластери.

Банкарот починал минатата година, а неговото семејство сега од болницата бара 80 илјади евра оштета. Меѓутоа, претставниците на болницата ги отфрлиле овие тврдења, истакнувајќи дека тие предмети не можеле да останат во телото на пациентот по операцијата бидејќи во тоа време болницата не ги користела.