Недела на 12 јули, со почеток во 08:30 часот, во древниот храм “Света Софија” во Охрид, ќе се одржи хиротонијата за епископ Антаниски на нашиот игумен и Старец, архимандрит Партениј.
Поради актуелната здравствена криза во храмот Света Софија ќе можат да влезат само определен број на луѓе, односно само црковниот клир и претставници на државните власти и други политички субјекти.
Обезбедени се 3 видео ѕидови, од кои едниот е во дворот на Св. Софија, другиот е на нејзината западна страна кај трибините, а третиот е на плоштадот на градот, преку кои народот ќе може да го проследи настанот и да земе молитвено учество во истиот, притоа без да има собирање на поголеми групи. За спроведување на мерките ќе се грижи агенција за обезбедување, како и полицијата, а на луѓето ќе им се доделуваат специјално дизајнирани маски, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
OhridNews