„Или да се продолжи со ова темпо што до сега се разбира економски е неодржливо или да објавиме нов тендер со порелаксирани услови што би резултирало слично, бидејќи сегашните услови се сериозна бариера за потенцијалните купувачи и трет начин кој теоретски е можен, а за што правиме проценка, е евентуално да се пристапи кон директни преговори со потенцијалните купувачи или транспарентна постапка на наддавање или со директен договор што во тој случај би морало да оди низ Парламентот и така да заврши процесот“ – изјави вицепремиерот за економски прашања Пешевски.
Владата ја разгледувала и опцијата за реконструирање на компаниите, која е најнеприфатлива затоа што за тоа е потребно да се изврши докапитализација на загубарите.
До сега Владата распиша пет меѓународни тендери за продажба на охридски Емо, сите завршија неуспешно.