Британскиот хипнотизер Дејвид Најт тврди дека може да им помогне на жените да ги зголемат своите гради со помош на мислите. Тие треба да го слушаат неговото ЦД во кое тој зборува: “Твоите гради растат… сега стануваат поголеми…”. Толку е сигурен во себе што нуди враќање на парите доколку жените не се задоволни. Вели дека со зборови може да им помогне на жените да ги зацврстат градите и фигурата.


Смета дека мозокот го контролира растот на градите и дека е логично дека истиот може да ги зголеми. Во една емисија водителот Крис Џексон ги оспорил неговите тврдења велејќи дека денес е многу лесно да работиш како хипнотизер.