Шпанската национална мрежа ТВЕ го отпушти директорот на спортската програма Хулијан Рејес, бидејќи во живо не билa емитувана шпанската национална химна пред стартот на финалниот натпревар од Копа дел Реј помеѓу Барселона и Атлетико Билбао, одигран средата во Валнесија.


На стадионот химната не ни можела да се слушна бидејќи ја надгласиле навивачите на двете екипи кои не се сметаат за шпанци.
 
>>Видео: Барселона ја почна жетвата на трофеи

Навивачите на Барселона се каталонци, додека оние на Атлетик се баскијци, народи кои сакаат сопствена држава. Свирежите на химната мораше да ги слуша шпанскиот крал Хуан Карлос кој во друштво на кралицата Софија го следеше  натпреварот на Местаља.

ohridnews