Светски познатиот хотелски ланец, Хилтон, ќе гради свој хотел на охридскотро крајбрежје.

Хотелот ќе се гради веднаш до хотелот Инекс Горица на 15 хектари земјиште кое вчера за нешто помалку од 1 милион евра беше купено на јавно наддавање во владата. Според првичните информации Хилтон ќе гради суперлуксузен хотел со 200 соби.

Вкупната инвестиција се проценува на околу 25 милиони евра,а хотелот треба да биде готов за две и пол години.


локацијата на која ќе гради „Хилтон“

Влезот на „Хилтон“ е прв бренд од светска класа што влегува на македонскиот пазар. Владата има распишано тендер за уште неколку атрактивни локации на охридското крајбрежје со што се очекува привлекување на уште некој познат ланец хотели.

Г.М.