Оскаровката Хилари Свонк ќе ја игра главната улога во филмот “Shrapnel”, на кој филм ќе биде и продуцент. Филмот ќе биде спој на научна фантастика и вестерн жанр, а дејството ќе се одвива во 2250 година.


Хилари Свонк ќе ка игра предводничката на востанието на планетата Венера. Филмот ќе биде снимен според стрип на Ник Сејган и Закарија Серман. Актерката претходно добила Оскари за улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“.