Поранешната американска државна секретарка и „прва дама“ на САД, Хилари Клинтон вторпат тргнува во трката за претседателската номинација на Демократската партија за изборите во 2016 година, јавува „Макфакс“. Како што самата кажа, ќе се обиде да ја прескокне највисоката и најтешка невидлива препрека за подем на жената на американската политичка сцена.

Претходно актуелниот американски претседател Барак Обама, исто така, од Демократската партија, на најавите за можно кандидирање за претседателска номинација од страна на неговата поранешна шефица на дипломатијата, изјави дека „Лично сметам дека таа ќе биде одличен претседател“.

„Хилари Клинтон беше сериозен кандидат во 2008 година (кога тој го избори првиот претседателски мандат). Таа ми бише прекрасен поддржувач за време не главната изборна трка. Таа беше одличен државен секретар. Таа е моја пријателка“, рече Обама на прашањата од новинарите на прес-конференцијата по завршувањето на сеамериканскиот самит во Панама.

Додаде и дека очекува дека ќе биде јасна во своите визии, за да може земјата натаму да напредува, а ја пофали и нејзината способност како врвна американска дипломатка.

Кампањата на Хилари Клинтон за претстојните избори ќе се одржи во ноември 2015 година, а ќе биде фокусирана на борбата против економската нееднаквост, како и на историската природа на нејзината желба да стане првата претседателска на САД, според нејзините соработници.

Меѓутоа, според аналитичарите, имајќи предвид дека повеќе децении е во фокусот на јавноста, прво како сопруга на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, потоа како сенаторка и на крајот како државна секретарка, таа мора повеќе да се концентрира на приближувње до обичните луѓе, нејзините потенцијални избирачи.

Ставањето на дигиталните комуникации во прв план претставува обид да се поврзе со младите избирачи, коишто ѝ се потребни на Клинтон за да стане првата претседателка во историјата на САД. Во трката за претседателската номинација на демократите во 2008 година, Хилари Клинтон беше поразена од Барак Обама, и тоа делумно поради тоа што неговата кампања ги користеше социјалните медиуми за привлекување на вниманието кон неговата кандидатура и собирање големи парични износи преку мали донаци.

Хилари Клинтон, исто така, ќе мора да го реши и контроверзното прашање на користењето на личната електронска адреса во текот на нејзиниот четиригодишен мандат како државна секретара, што е казниво. Претходно за медиумите изјави дека би било подобро да користела два одвоени уреди за личната и за службената електронска пошта, но дека смета дека на тој начин не прекршила никаков пропис.

Клинтон, како што се очекува многу скоро, ќе ги објави своите намери преку социјалните мрежи, а потоа ќе следат патувањата во рамките на кампањата. Ставањето на дигиталните комуникации во прв план претставува обид да се поврзе со младите избирачи, коишто ѝ се потребни на Клинтон за да стане првата претседателка во историјата на САД.

Многу американски демократи со нетрпение го очекуваат нејзиното номинирање, а резултатите од истражувањето на јавното мнение покажуваат дека е во голема предност пред другите потенцијални демократски противници. Анкетата на Reuters Ipsos покажува дека Клинтон ја поддржуваат повеќе од 60 отсто од демократите.

OhridNews
извор:„Макфакс“