На изборната конференција која Демократската партија ја одржа во Филаделфија, Хилари Клинтон ја доби номинацијата за претседателски кандидат на изборите кои во САД ќе се одржат на 8-ми ноември.

Сопругата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон е првата жена која влегува во претседателската трка, откако ја доби поддршката од партијата.

Противкандодат на Хилари Клинтон на изборите кои ќе се одржат во ноември ќе биде Доналд Трамп.