Холивудската актерка Хилари Даф родила син на кој му дала име Лука Круз Комри. Оваа 24-годишна актерка веста за раѓањето на синот ја објавила на својата веб страна и на Твитер профилот.
Напишала дека таа и нејзиниот сопруг, хокеј играчот Мајк Комри, се најсреќните родители на светот. Ова е прво дете на парот кој се венчал во 2010 година. Детето го добиле во вторникот ноќта. Комри се повлекол од професионалното играње претходно оваа година.