Рејчел Овенс ја тужела холивудската актерка и пејачка Хилари Даф дека наводно предизвикала сообраќајна несреќа во 2010 година, удирајќи со својот „Ренџ Ровер“ во автомобилот кој го возела Рејчел. Таа во тужбата тврдела дека претрпела тешки повреди, дека имала ментални проблеми, нервен слом и силни физички болки, пренеле медиумите.
Во тужбата таа навела дека по несреќата не можела да ги работи истите работи како претходно. Не е познато колку пари барала од актерката, која сеуште не се огласила по повод овие наводи во медиумите. Хилари Даф, која е во брак со хокеј играчот Мајк Комри, пред неколку месеци го родила синот Лука Круз.