Откако минатата година не успеала да ја продаде својата куќа на Беверли Хилс за седум милиони долари, Хилари Даф одлучила малку да ја спушти цената. Така сега луксузната вила на холивудскиот рид се нашла на продажба за 6,5 милиони долар, а актерката била уверена дека ќе ја продаде од вториот обид.


Хилари се одлучила да ја продаде куќата бидејќи таа и нејзиниот сопруг Марк Комри, со кој очекуваат и принова, наскоро планираат да се преселат во поголем дом, каде нивното семејство кое ќе го зголеми бројот на членови ќе има повеќе простор.