Американската актерка Хилари Даф која очекува дете со својот сопруг, хокејарот Мајк Комри, објавила фотографија на Твитер, на која се бакнува со сопругот, покажувајќи го трудничкиот стомак.


Популарната актерка би требало да се породи следниот месец, а кога гостувала во емисијата кај Елен Деџенерис, Хилари открила дека чекаат син.