Хидролошката состојба на Охридското Езеро, како и на водните акумулации Глобочица, Дебарското Езеро и Слатинското Езеро е стабилна и нема опасност од нивно прелевање. Состојбата со водотеците е исто така стабилна без потенцијални опасности за нивно излевање.


Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на вчерашното деноноќие во Охрид наврнале 14 литри дожд на метар квадратен, а најмногу дожд наврнал во Дојран 29 литри.


Есенските дождови се очекува да ја подобрат хидролошката состојба на Охридското Езеро, кое како што веќе информиравме, во последните шест месеци бележи опаѓање од околу 40 сантиметри.

OhridNews