Заборавени цела деценија, седумте научните установи и институти кои добија средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, го поддржуваат отворањето на новата програма на Министерството за образование и наука.
Велат дека ова е одлична база за поттикнување на истражувања кои ќе придонесат и ќе ја збогатат научната дејност во државава, но истовремено и ќе ја поттикнат државата континуирано да издвојува средства од Буџетот за науката.
На проект за заштита на животната средина ќе работи и Хидробиолошкиот завод–Охрид. Станува збор за проектот „Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато“ на Д-р Лидија Велкова –Јорданоска, од Хидробиолошкиот завод – Охрид, за кој беше потпишан и договор со МОН за финансиска поддршка.
Националните проекти ќе им овозможат непречено одвивање на теренските активности како и обука и унапредување на многу млади истражувачи, смета Орхидеја Тасевска, директор на Хидробиолошкиот завод–Охрид.
Финансирањето на овие истражувачки проекти е само прв исчекор во позиционирање на науката како темел на севкупниот општествено–економски напредок но и на градење систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финансирањето на научно-истражувачката дејност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
Верувам дека од реализација на тригодишните проекти ќе произлезат многу заклучоци со кои ќе се збогати нашата наука, но и ќе влијаат на сочувувањето на природните, културните и историските вредности во државава, додаде Царовска.
OhridNews