Хидробиолошки завод очекува наскоро и официјално да стане корисник на бродот кој веќе неколку години се користи за научно- истражувачки цели на иснтитутот.

Имено, досега како сопственик и корисник на пловниот објект, кој  е донација од  Швајцарија, се јавува Министерството за животна средина. Неодамна од страна на министерството доделено е полномошно со кое на Хидробиолошкиот институт му се дава право да стане и официјален корисник на бродот.

Документацијата во целост е изготвена и доставена до охридската Капетанија. Очекуваме наскоро да се изврши регистрацијата со што официјално ќе станеме корисници на бродот, вели Гоце Костоски, директорот на Хидробиолошки завод.

Како што потенцира Костоски, овој пловен објект се третира како чамец и е строго наменет за научни цели, а при тоа е подложен на редовна проверка како и секој друг пловен објект.

Т. К.