Од почетокот на вештачкиот мрест на 20 јануари досега на трите македонски пунктови се собрани 1 милион и 200 илјади зрна икра.

Од хидробиолошкиот институт во Охрид се надеваат дека до крајот на мрестот и од македонскиот и од албанскиот дел на езерото ќе се обезбеди биолошкиот оптимум од 3,5 милиони икра.

Експертите од оваа јавна научна установа предупредуваат дека на албанската страна  неконтролирано се ловат млади единки на охридската пастрмка, стари 2-3 години. Наспроти ова, албанскиот министер за екоогија, Луфтер Џувели, при неодмамнешната посета на Охрид изјави дека рибата што доаѓа од албанска страна по илегалните канали не е уловена во водите на Охридското Езеро, туку се обезбедува од вештачките мрестилишта.

Експертите сметаат дека само со 24-часовна физичка заштита и усогласување на законите во
Македонија и Албанија може да доведе до заштита на ендемичниот вид
охридска пастрмка.

Ohridnews