Хидробиолошкиот институт од Охрид наскоро ќе отпочне со градежни работи за поставување биофилтер на затвореното мрестилиште за одгледување подмладик и матици на охридска пастрмка, кое е изгрaдено со донација од владата на кралството Норвешка. Средствата за поставување на биофилтерот кој ќе ги пречистува отпадните води од мрестилиштето ги обезбеди Министерството за земјоделство, а дел се сопствени средствата на Хидробиолошкиот институт, ни изјави директорот Гоце Костоски.

– Согласно законот, од 2010 година сите мрестилишта и слични инсталации задолжително ќе мора да имаат биофилтер за пречистување на водата, додаде Костоски.


 Хидробиолошки Ќе се поставува биофилтер на затвореното мресилиште

Поради најавените градежни зафати, Хидробиолошкиот институт упатува известување до сите сопственици на пловни објекти кои се оставени во дворното место на јавната установа,  или паркирани во каналот Студенчишта на страната од кај Заводот, истите да ги отстранат најдоцна до 9.11.2009 г.

Доколку пловните објекти не бидат отстранети од страна на сопствениците, тогаш, тоа ќе го направи комуналната инспекција од Охрид, предупредуваат од Хидробиолошкиот институт.

Ohridnews