По 74 години Хидробиолошкиот завод – Охрид  доби нови инсталации за вештачко одгледување на подмладок на охридска пастрмка. Новото затворено мрестилиште во функција беше ставено викендов. Средствата за негова изградба се обезебедени со проект на заводот преку донација на Владата на кралството Норвешка во износ од околу 130.000 евра.


Хидробиолошки го стави во употреба новото мрестилиште

-Со пуштањето во употреба на новото мрестилиште  многу ќе се олесни работата, а ефектите од собирањето на рибниот подмладок ќе бидат многу поголеми, сметаат од Хидробиолошкиот институт.

Со изградбата на новото мрестилиште, кое се смета за едно од најсовремените на Балканот, капацитетот на Хидробиолошкиот институт се зголемува на 4,5 до 5 милиони единки подмладок на пастрмка. Тоа според експертите ќе придонесе не само во унапредувањето на процесот на вештачкиот мрест, туку и во заштитата на охридската пастрмка.

Ohridnews