Гус Хидинк ќе биде првото засилување кое ќе го реализира старо – новиот директор на Јувентус Роберто Бетега. Италијнаскиот “Кориере дело Спорт“ тврди дека Бетега и Хидинк веќе се договориле за условите и оти Хидинк официјално ќе се приклучи кон клубот на 2 јануари кога и ќе започне јануарскиот трансфер маркет.
Ако тоа се случи, првиот натпревар на Хидинк како тренер на Јувентус ќе биде против Парма на 6 јануари а на 10 јануари го очекува големото дерби против Милан, на стадионот Олимпико во Торино.
Гус Хидинг во својата тренерска кариера ги има водено екипите на Реал Мадрид, Челзи, Валенсија и ПСВ Ајндховен како и репрезентациите на Јужна Кореја, Холандија, Австралија и Русија.