Холандскиот тренер Гус Хидинг потпиша двегодишен договор со Фудбалскиот сојуз на Турција, јавија денеска турските медиуми.
Хидинг ќе го замени поранешниот тренер на турската репрезентација Фатих Терим кој поднесе оставка бидејќи не успеа да го однесе својот тим на Светското првенство во Јужна Африка.
Холанѓанецот во моментов е селектор на репрезентацијата на Русија, а договорот му истекува на 30 јуни.
Хидинг ја предводеше Русија во полуфиналето на Европското Првенство во 2008 година, но руската репрезентација не успеа да се пласира на Мундијалот во Јужна Африка.
Хидинг досега беше тренер на селекциите на Холандија, Јужна Кореја и Австралија, како и на клубовите ПСВ Ајнховен, Валенсија, Реал Мадрид и Челси.
Ohridnews
Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.