Селекторот на руската фудбалска репрезентација, Гус Хидинк изјави дека нема да го продолжи договорот со руската федерација, по истекот на 30 јуни, оваа година.

„По разговорот со претседателот на фудбалската федерација, заедно одлучивме да се разделиме по 30 јуни“ изјави Хидинк, а оваа вест ја потврди и во својата колумна во холандскиот весник „Де телеграф“.

Своите понатамошни планови Хидинг не ги обелодени, а италијанските медиуми пишуваат дека сериозно е заинтересиран да стане тренер на торинскиот клуб Јувентус.

Хидинк ја однесе Русија до полуфиналето на Европското првенство во 2008 година.

Македонија е во групата Б заедно со Русија, Ерменија, Словачка, Република Ирска и Андора во квалификациите за пласман на Европското првенство 2012 година.