Гус Хидинк ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство во Јужна Африка.

Според медиумите  Хидинк со раководните лица на Фудбалскиот сојуз на Брегот на Слоновата Коска договорил двомесечна соработка, од 15 мај до 15 јули, а потоа,  ќе ја преземе селекторската функција во репрезентацијата на Турција.

Хидинк во досегашната кариера учествуваше на три Светски првенства како селектор, со Холандија (1998), Јужна Кореја (2002) и Австралија (2006).

Ohridnews