По почетното испиитување гостите дојдоа во предност со головите на Велинов и Илиев. “Рибарите“ до крајот на првиот дел резултатски се вратија во игра со погодоците на Толески и Клечкароски.
Повторно во предност гостите се вратија преку расположениот Илиев кој по еден час игра зголеми на 3-2, а десет минути подоцна ги постави конечните 4-2.
Охрид наредната контрола ќе ја има во сабота против Металург.