Македонија е на добар пат, изстакна денеска вио Охрид поранешниот германски претседател  Роман Херцог, кој вечер во вилата Билјана во Охрид ќе биде одликуван со орден „8 Септември“ – највисокото македонско државно признание кое може да го добие некој странски државјанин.

– Македонија сака и треба да биде член на ЕУ. Пред неа се уште многу предизвици, но од она што го гледам сега во споредба со пред 12-13 години, можам да кажам дека е на многу добар пат, рече   Херцог.


Андреас Херцог

Во друштво на претседателот Ѓорѓе Иванов, Херцог денеска посети повеќе културно-историски знаменитости во Охрид.


Орденот „8-ми Септември“ на Херцог ќе му биде доделен затоа што како член на  Бадентеровата комисија придонесе Македонија, покрај Словенија, да добие препорака дека ги исполнува сите услови да се отцепи од поранешната југословенска федерација и биде независна и суверена држава, објасни Иванов.

– На прославата на 18-годишнината од државноста, мислиме дека е вистинскиот момент да му оддадеме признание на Херцог за сето она што го стори за Македонија, а и да се потсетиме дека тој беше првиот државник што ја посети независна и суверена Македонија, истакна Иванов.


Ѓорѓе Иванов

Претседателот Иванов за два дена  заминува во официјална посета на Германија каде што ќе се сретне со актуелниот германски претседател Хорст Келер.

Ohridnews