Наум Џуклески од Лескоец, како што вели народот, бил човек пред времето. Во првата половина на бурниот дваесетти век тој отпатувал за Аргентина. Поминувајќи низ повеќе земји низ светот, сфатил дека образованието е пасош за иднинита. По враќањето дома почнал благородна мисија и го започнал образованието во с. Горно Лескоец, Охридско.
Неговите потомци и жителите на Лескоец, и по 79 години не ги забораваат делата на Наум Џуклески. На иницијатива на Гоце Џуклески, вечерва во ООУ „Ванчо Николески“, Лескоец, се чествуваше делото на Наум Џуклески, кој во далечната 1944 година, отстапил дел од својот семеен дом за да се организира и воспостави настава на македонски јазик во селото Горно Лескоец.
Со своите сфаќања бил многу пред своето време и секогаш работел за добросостојба, не само на своето семејство, туку и на целата заедница. Неговите потомци го следат неговиот пат за добросостојба на заедницата и учествуваат во различни сфери на општественото живеење давајќи свој придонес за подобро утре. – беше истакнато на свеченоста.
Во пригодната програма за чествувањето на името и делото на Наум Џуклески учествуваа ученици од ООУ „ Ванчо Николески“, играорната група „Фаланга“ од Лескоец и ученици на професор Наум Џуклески.
Г.М.