Поранешниот соиграч на Перо Антиќ во екипата на Олимпијакос, Јоргос Принтезис е најновиот член на тимот на деценијата во Евролигата.
Грчкиот кошаркар местото помеѓу најдобрите го обезбеди со двете титули во најсилното клупско натпреварување. „Црвено белите“ триумфираа во 2012 и 2013 година. Принтезис беше најзаслужен за првата титула постигнувајќи ги клучните поени во финалето против ЦСКА Москва.
Претходно во тимот на деценијата беа примени Дончиќ, Теодосиќ, Наваро, Хајнс и Дијамантидис.
OhridNews