Репрезентацијата на Холандија со голот на Вирџил ван Дијк во судиското продолжение извлече реми (2:2) на гостувањето кај Германија и обезбеди пласман на завршниот турнир од елитната група во Лигата на нации.

Херојот на „лалињата“ неочекувано после натпреварот при поздравувањето го прегрна главниот судија, што не е случај во професионалниот фудбал. Дефанзивецот на Ливерпул на средбата со медиумите го објаснил потегот.

Тој се „скрши“ веднаш по последниот свиреж и почна да плаче бидејќи мајка му починала претходниот ден. Му посакав да биде силен и му реков дека добро судеше на овој меч. Тоа е мала работа, но се надевам дека му помогна. – изјави Ван Дајк.

Оваа случка го потврди фактот дека фудбалот е повеќе од игра и оти нема разлика дали си фудбалер или официјално лице на еден натпревар.

OhridNews