Фудбалерот на Охрид, Един Мерсовски, ја доби улогата херој на денот, откако од давање спаси три малолетни дечиња. Мерсовски скокајќи во Охридското езерото ги извлекол дечињата, кои не биле далеку, но биле видливо уплашени и вознемирени.

На прв поглед не изгледало ништо чудно, но реакцијата на дечињата привлекле внимание кај Мерсовски кој веднаш скокнал во езерото и ги извлекол од водата.

Ми падна чудно да се капат во овој дел од годината. Затоа подзастанав и размислив, кога видов дека се вознемирени веднаш скокнав. Најважно е што дечињата заедно со соиграчите од Охрид ги извлековме и се се` заврши без фатални последици. – изјави Мерсовски.

Популарниот „Џеко“ на почетокот оваа сезона Охрид го засили од Кораб.

OhridNews