Домаќинот на 34 издание на Купот на Африка, имаше гол заостаток и играч помалку во 90та минута од четвртфиналниот меч со Мали, но играчите на Брегот на слоновата коска успеаја да направат херојски пресврт и на нестварен начин изборија пласман помеѓу четирите најдобри репрезентации на црниот континент.

Најпрвин Симон Андингра израмни на 1:1 и го одведе мечот во продолженија. Кога сите се подготвуваа за пенали, во 121 минута беше досуден слободен удар за Брегот на слоновата коска по кој Диаките постигна луциден гол со пета за делириум на трибините.

Во полуфиналето Брегот на слоновата коска ќе се сретне со ДР Конго, додека Нигерија ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Зеленортските острови и Јужна Африка.

Г.М.