Белгискиот премиер Херман ван Ромпуј е избран за прв претседател на Европската унија на вонредната средба на лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ што се одржа доцна синоќа во Брисел.

За прв министер за надворешни работи на ЕУ е избрана британската еврокомесарка за трговија Катрин Ештон.


Херман ван Ромпуј и Катрин Ештон

Белгискиот премиер до триумфот во претседателската трка дојде со силна поддршка на Берлин и Париз, како и поради силните врски создадени во долгогодишната успешна политичка кариера.

Ohridnews