Дуото на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон и Педро де ла Роса беа најдобри во Херез на вчерашниот тренинг. Хамилтон постави рекордно време на денот 1:19:102, а тест возачот де ла Роса само десетинка поспор.
Од 11 тимови девет беа на овој тренинг на кој Роберт Кубица од БМВ Заубер, го зазеде третото најдобро време, позади возачите на Мекларен, а неговиот тимски колега Ник Хајдфилд беше шести.
Возачите на Вилијамс Тојота го тестираа развојот на предните спојлери на својот нов FW30, каде Казуки Накаџима беше четврти, а неговиот колега Розберг имаше излетување од патеката и го прекина тестирањето.
Времиња:
1 . L. Hamilton – McLaren Mercedes MP4-23 – 1:19.102 (+ 0.000 ) – 89 кругови
2. De la Rosa – McLaren Mercedes MP4-23 – 1:19.287 (+ 0.185 ) – 88
3 . R. Kubica – BMW Sauber F1.08 – 1:19.539 (+ 0.437 ) – 91
4 . K. Nakajima – Williams Toyota FW30 – 1:19.601 (+ 0.499 ) – 93
5 . N. Piquet – Renault R28 – 1:19.660 (+ 0.558 ) – 120
6 . N. Heidfeld – BMW Sauber F1.08 – 1:19.958 (+ 0.856 ) – 94
7 . M. Webber – Red Bull Renault RB4 – 1:20.013 (+ 0.911 ) – 113
8 . N. Rosberg – Williams Toyota FW30 – 1:20.029 (+ 0.927 ) – 125
9 . S. Vettel – Toro Rosso Ferrari STR2B – 1:20.105 (+ 1.003 ) – 53
Џими