По повод големиот православен празник Цветници, во недела, 12 април, на пладне на градскиот плоштад ќе се одржи музички хепенинг.
Организатор на хепенингот е локалната самоуправа, која најави богата забава за присутните.
Со ова заедничко двочасовно дружење на граѓаните низ забава и музика, на своевиден начин ќе се одбележи празникот ЦВЕТНИЦИ, а ќе се даде импулс и на исчекорот на Охрид кон Европа започнат со демократски спроведените избори во нашата општина, истакна градоначалникот Александар Петрески, најавувајќи го своето присуство на забавата.