Еден од двајцата преживеани ветерани од Првата Светска Војна, Хенри, стана најстариот британец. Тој го надживеа Велшанецот Џон Еванс, кој почина во 1990 година со навршени 112 години и 295 дена. За Хенри следниот 113-ти роденден ќе биде многу посебен бидејќи повторно ќе стане тинејџер. Тој е најстариот припадник на британската воена морнарица.


Неколку блиски пријатели го посетиле Хенри во домот за стари и изнемоштени лица кои служеле во британската војска. Му честитале за успехот и му посакале уште многу родендени. Хенри кој го доживеа раѓањето на својот прапрапраправнук пристапил во британската морнарица во 1915 година. Единствен е преживеан од битката кај Јутланд во 1916 година.