Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија одржа работилница на тема ” Развивање на индикатори и буџетирање” и при тоа ја претстави втората фаза од проектот „Воведување на индикатори за мерење на дискриминација на локално ниво“.



 Законот за заштита на личните податоци, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози беа предмет на дискусијата во која учесниците зедоа активно учество.

На работилницата учествуваа претставници на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, членови на Советот на општина Охрид и членови на Комисијата за еднакви можности.

Ohridnews