Ееее брачед не е малку. Ни ал ни абер од тебе 7-8 години. Море господ здравје да му дајт на тој шо го измисли ова FB чудово. Си се изнајдовме. Се прашвев з`ш не ми пишиш ама ми текна дек си влав ама сега се надевам преку интернетов ќе сме во контакт. Слободно пиши и на FB, тагвиме ова она, преку имајл пиши зато шо не трошиш ни за мастило, ни за марки ни за нишо. Немат да те коштат ни за интернет з`ш ке ми пишиш од на работа. Ах та пуста Канада не оддели ептем. Ама ете сега ќе сме во контакт.
Шо да ти кажам за нас. Прво шо се сетив дека многу го гледавме цртанион филм “Атомската мравка“. На ова ме потсети министеркана за внатрешни работи. На телевизијана прва шо даознават и тресит зелени, ја видов кај шо е облечена за скијање. Џанам ко ќе ја видам ме потсетвит и на онаа комединаја „Бркати Спенсер“ , ама то е не е битно сега. Сигурно побитно е да дознајш нешто пред све за Охрид ама и за самостална, независна Република Македонија и за сите нас овде.
Конечно брачед зношти заврна. Имало Господ. Се надишивме прашиништа по патиштава наши. Знајш дека се како во Бејрут. Со дупки, песоци прашиништа и друго. Колку толку не освежи од ко заврна завчера…не..пред три дена…море дан беше пред една недела..или две…Неможам да се сетам а и не е битно важно капна колку толку. Е сега само не ми јасно зашо толку сколободи се кренаа околу дождојве. Народов се посра бадијала дека можит да ни се напрајт беља. Ама се кренаа паники за ништо. Штетите се мали засега. Пештани само пола е поплавено, само пола пат го немет, паднаа 7-8 камиони земја кај метропол, поплавени се само ј`но, сараишче, Лакочереј, уште малу езероно ќе стигнит до Ривиера, наместо коли за такси викаме гондоли, кај мене дома само во дневнана сејме во оние од лихнида кајчинана,во другине со чизми, патон Дебар – Маврово само две недели е затворен, ојде јабано цела есенска сеидба, пропадна патот за Ресен и други мали пиздарии небитни за функционирање на нашава самостална независна Република Македонија. Место за паника немат.
Мада нашиве власти и државни и локални се спремни, азар се да реагирет ако недај боже затребит. Кубурот им е на напојас за недај боже. Го смирвет народов и тоа со факти. Ко Панде. Им кажа на пештанци дека нормално е гомна да им шетет по подруми а тие му рекоа добро. Аце таткони градски кажвеже дека мојт да дојт до ова ама тие му рекоа дека е плачко. Тој им рече дека тие се мочко. Овие му рекоа дека е какачко а тој им напрај уалалала, а ти нему будала будала, тој нив скапани едниииии…… Ко сите возрасни. Дораснати. Ко шо гледаш све е кај нас на ниво и убо сорабвет ВМРО-вците, СДСМ –овците и другите овци да не ги бројам. Е сега и мое мислење е дека место за паника немат до моментот дур не нагрнет скопјанишчана. Во моментов немат кој да ни мочат и драстично да ни го креват нивоно.
Друго. Да не се секираш и за името. Ќе го мениме. Незнам сигурно ама мислам дека имаме две опции. Република Шехерзат или Република Али Кемал. Така немат да имаме никакви географски и територијални претензи и ќе немат кој да се бунит. Можда малу Онур да се бунит за една територија од Благица ама ако требит ќе потпишиме дека ќе ги скиниме нашите освојувачи на такви територии. Само мене јанза ме јајт друго. Која опција да се одберит? Ако сме РШ ќе испаднит дека се пучиме. Ако пак сме РАК испадвид дека секого пучиме ние. Незнам. Никаквата е.
Туку батали ова. Пиши како си ти. Како е сната? Децата? Ме интересират нешто. Ми рече дека ќе ми пратиш 28 долари за внукати ко одеше во градинка (сега е прва година средно) за да платам за пакетчето за нова година. Ако ги имаш пратено убо.А ако не, ако не ти сметат прати појќе. Ако мојш прати околу 37 долари за да му купиме на внучето мое ( бебето од ќерка ми) од оние убајне шишиња за млеко. З`ш дур стигнат парите ќе ја мажам. Времево летат. Брачед сори овде морам да прекинам. Почна да капит и вклозет од таванов. Се читаме.
П.С. Ти теквит на она шо си пишевме на споменарите? Мислам вака беше:
Бранејнца в село-карајнца тате мој тате твој-тате твој пцовка тате мој-тате мој чекан вгла тате твој- судски спор – чекам најбрз одговор.
Лом бевме. Кажи а ?