Познатото маче „Hello Kitty“ поп икона со илјадници облици на појавување, денес го слави 41. роденден. Веселото бело маче, со розе панделка, настана во 1974 година во блокот на јапонсјата стилистка Јуко Шимизу која со него го украи својот паричник. Оттогаш ликот на мачето може да се најде на безброј предмети, од чанти, преку облека до спортски реквизити. Познатото маче е главен производ на компанијата Санрио, во која за неа, од 1980 година се грижи цел тим предводен од Јуко Јамагучи.

 

Таа јапонска компанија, благодарение на своето стилизирано маче, има годишен обрт од пет милијарди долари. Ликот на слаткото маче се наоѓа како на училишниот прибор така и на модните додатоци, но и на различи гаџети за возрасни, а неговиот лик е овековечен и на дијамантски огрлици. Најмладите може да го гледаат и во телевизиски серии, додека во Јапонија има повеќе тематски паркови врзани за неговиот лик.